ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 10:17 PM

Најдобар планински Спа ресорт со пет ѕвезди – Златна статуа за Аурора ресорт и Спа во Бугарија

Аурора ресорт и Спа се закити со златна статуа на седмото издание на најголемиот туристички форум – Балкански награди на туристичката индустрија 2021 година, кој се одржа денес во Софија, Бугарија.

Дека Аурора ресорт & Спа ќе се закити со злато се знаеше уште од вчера, бидејќи  влезе меѓу финалистите за златните статуетки на Балканските Оскари е и еден од најпопуларните хотели кај нас, а е добитник и на одлични оценки во глобалната мрежа за резервации Боокинг

Наградата ја прими Бојан Аврамовски, менаџер на хоелот

Хотел Аурора Ресорт & СПА доби пофални зборови и од бугарските медиуми.
-Хотелскиот комплекс е на шест километри од Берово. Привлекува туристи со својот кристално чист планински воздух, велнес објекти и бесконечниот базен со поглед на Беровското Езеро и планината Малеш. Овој еко-хотелски комплекс е целосно изграден од камен и дрво.

Хотелот Аурора нуди неколку базени, луксузни спа објекти и стилски ресторан со тераса. Гостите може да уживаат во парна бања, сауна и затворен базен. Сите сместувачки капацитети имаат големи кревети, приватен балкон и пространа бања, се само дел од позитивните коментари за овој македонски бисер.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1