ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 8:46 PM

Семејствата на загинатите бараат телата на нивните најблиски веднаш да бидат пренесени дома

Министерството за надворешни работи информира дека направена е измена на саатници при пречекот и испраќањето на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија до нивните домови и вечни почивалишта.
-Посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија после нивниот транспорт на аеродромот во Скопје, веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта. Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, се уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот,  информираат од МНР.
Доцна попладнево од МНР испратија соопштение со рута, каде ќе се движи конвојот со загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, кои треба утре наутро со воен авион да стасаат на скопскиот аеродром.
-Во 9часот на Меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигна посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија. По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.
Во периодот од 10 до 13ч, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот. На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката, инаформираше МНР, кои по само неколку часа, поради реакција на семејствата на трагично загинатите ги смени процесот на пристигнување и движење на поворката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1