ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 5:12 PM

Штипјанец набавувал хероин и продавал на наркозависници во затвор

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во текот на март 2020 година С.С., кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип набавил хероин заради продажба на наркозависници во затворот и му бил пронајден од затворските службеници.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1