ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 4:26 PM

За долг од 6.500 евра кавадарчанец барал да му се вратат 50.000 евра, битолчанка уапсена за измама

На 01.12.2021 во 16.50 часот на ул.„7-ми Септември” во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода О.Р.(53) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во угостителски објект му се заканувал на 45-годишен маж од Кавадарци за долг од 6.500 евра што го имал 45-годишниот маж кон него и за кој му барал да му исплати 50.000 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Л (39) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Во периодот од февруари до април 2021, пријавената во повеќе наврати измамила повеќе граѓани, претставувајќи им се лажно и нудејќи им услуги за кои оштетените и давале пари, по што заминувала и не ги извршувала услугите. Во февруари, на жена од Прилеп ѝ понудила да ја вработи ќерка и во фабрика за што добила 65.000 денари. На крајот на aприл 2021 година на жена од прилепско село понудила да помогне при полагање на инструкторски испит за што добила 240.000 денари. Исто така, на крајот на април на лице од прилепско село му понудила да ја забрза процедурата околу купување на стан за што добила 35.000 денари. Од истото лице добила и 25.000 денари за ангажирање на дизајнер за уредување на станот.

Извор: МВР

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1