ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 4:02 PM

Град Скопје ги задолжи јавните институции во негова надлежност за 60 дена да се постават пристапни рампи за лица со попречености

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености, информираат од Град Скопје.

„Рокот за имплементација на оваа активност е 60 дена, а поставувањето на пристапните рампи е дел од Програмата на Град Скопје за овозможување поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот. Градот Скопје започнува  сеопфатна програма за остварување на еден од главните приоритети за остварување на правата од социјална заштита на лицата со попреченост, односно подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и создавање услови за независен живот“, стои во соопштението испратено до медиумите од Град Скопје.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1