ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 4:00 PM

На видео бим ќе се следи поворката со починатите – Пристигнуваат останките на настраданите од автобуската несреќа

Посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи.

По пристигнувањето, како што наведува МНР,  поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да поожат цвеќе на плоштадот „Скендербег” и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видеоѕид, од каде што граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов денеска изјави дека останките на 45-те македонски граѓани утре наутро од Бугарија во земјава ќе бидат транспортирани со два воено-транспортни авиона.

Несреќата на автобусот на „Беса транс”-Скопје  се случи на 23 ноември на автопатот „Струма” во близина на градот Перник. Загинаа 45 патници, седум беа повредени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1