ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 3:02 PM

Автобусите на линија 22, 22А и 64А во Даме Груев ќе возат по изменет режим

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека од утре, петок (3.12.2021 год) од 8 часот до понеделник (6.12.2021 год) до 6 часот, поради градежни зафати на дел од улица „Лука Геров“ во населба Даме Груев, возилата од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до после надвозникот на улица „Лука Геров“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица „Лепенец“, па лево по улица „Шар планина“, па пак лево по улица „Тиранска“ и од таму ќе се вклучат десно на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.

Во насока од Никиштани и Лепенец до крстосницата на улица „Лука Геров“ со улица „Тиранска“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица „Тиранска“, па десно по улица „Шар планина“, потоа десно по улица „Лепенец“ и пред надвозникот ќе се вклучат лево на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1