ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 1:24 PM

Подготвени сме за снегот, после 25 години ќе се чисти со нови камиони

Со блок дотација од 180 милиони денари средства од Буџетот, се набавени нови 15 комплетно опремени камиони и три машини за утоварање на ризла и сол за потребите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта.

Ова го истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при посетата во базата на Јавното претпријатие за одржување на магистралните патишта.

„После 25 години за прв пат го подобривме возниот парк на Јавното претпријатие. Преку капитална блок дотација од Владата до Јавното претпријатие за одржување на магистралните патишта доделивме средства за набавка на нова механизација во висина од 180 милиони денари. Конкретно, се набавија 15 нови комплетно опремени камиони со снежен плуг и соларка, како и 3 нови утоварни машини. Со тоа, значително го зголемивме капацитетот на Јавното претпријатие за зимско одржување на патиштата.“ – изјави министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта потенцираше дека цела потребна механизација и човечки капацитет е веднаш ставен во функција за претстојната зимска сезона.

„Подготвени сме за зимската сезона, веднаш ги ставивме во функција новите возила. Дополнително, би сакал да истакна дека набавивме 11 илјади тони индустриска сол и 8 илјади кубици ризла за тековното зимско одржување на патиштата. Воедно, би ги повикал сите учесници во сообраќајот, да ја поседуваат пропишаната зимска опрема во возилата.“ – изјави директорот на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта, Беким Мемеди.

фото: Министерство за транспорт и врски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1