ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 10:28 AM

Близок човек на Бранко Црвенковски може ја презема СДСМ ама во шпекулациите кои не се новинарски текст

Рецензираме текст чиј наслов „АЈДЕ АИРЛИЈА! ДЕТЕ НА БРАНКО ЈА ПРЕЗЕМА СДСМ? ЌЕ ЛЕТААТ ПАЛАНЧАНИТЕ И СТРУМИЧАНИ ОД РАКОВОДСТВОТО?“, каде авторот пренесува шпекулации за можниот наследник на Зоран Заев на лидерската позиција во СДСМ. Пренесени се шпекулации на друг медиум, изнесувајќи имиња на неколку можни наследници на Заев. Но, она што е е силно изразено што во самиот наслов се гледа чичниот став на авторот, кој ликува на заминувањето на Заев и неговите најблиски соработници.

Насловот асоцира на високото раководство на партијата, кое доаѓа од места надвор од Скопје, потценувајќи ги тие што не се од главниот град. Понатаму, прашално најавува дека близок човек на бившиот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски ќе ја преземе владеачката партија, но во текстот никаде нема потврда за тоа, ниту пак е спомнато името на овој политичар.

По губењето на повеќето општини на локалните избори, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев си поднесе оставка и од двете позиции.Сега следува пребарување на нов лидер меѓу социјалдемократите кој треба да го замени Заев“, пишува во текстот.

Точно е дека премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев си поднесе оставка од двете позиции и дека на вонреден конгрес на 12 декември ќе се избира нов лидер во партијата, но тоа ќе биде со непосредно гласање, а не преку „преземање“ на партијата како што сугерира авторот.

Понатаму, авторот ја цитира ТВ21 која шпекулира со тројца кандидати за претседател на СДСМ, но ниту еден од нив досега не потврдил дали е заинтересиран за кандидирање. Новинарот исто така не може ниту да потврди дека некој од овие тројца  политичари е близок со Бранко Црвенковски.

Според информации на ТВ21, три имиња се во игра за на Бихаќка. Дане Талевски, Петре Шилегов и Стефан Богоев.Според партискиот статут, вонредни внатрепартиски избори треба да се распишат во рок од 15 дена од престанокот на функцијата, кога се одредува и датумот за нивно одржување“, пишува понатаму во текстот.

Никој од споменатите членови на партијата што се посочуваат како можни наследници на Заев на лоидерската функција не е прашан, ниту е напишано дека имало обиди да се расчисти оваа дилема во јавноста. Новинарстовото и новинарите по дефиниција имаат задача да поставуваат прашања и да даваат одговори. Да покренуваат прашања и расчистуваат дилеми. Но, основната задача на новинарот е да ги почитува новинарските стандарди, каде во прв ред е правилото да се праша другата страна. Во случајов, ниту некој е прашан, ниту има обид да се расчисти маглата во јавноста, туку уште повеќе се додава мистерија околу случајот со можниот нов лидер.

Авторот со насловот го прекршил Кодексот на новинарите  членот 1 во кој се вели:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и објави“.

Кодексот е прекршен понатаму во тектот, бидејќи новинарот претпоставува без да наведе дека информацијата не може да се потврди.

Прекршен е и член 14 во кој се вели “Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано“.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

                                                                                                                   

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1