ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/2/21 9:04 AM

Затворање на баровите и клубовите, ограничување на приватните собири – дел од можните мерки во Германија

Денеска во 11 часот, е закажан состанокот на федералните и државните претставници на власта во Германија, каде ќе разговараат за нови и построги мерки за корона вирусот.  Од состанокот на кој ќе присуствуваат и канцеларка Ангела Меркел и кандидатот за канцелар Олаф Шолц се очекува да произлезат големи ограничувања на контактите за невакцинираните лица, како и задолжителна  вакцинација за одредена категорија на вработени, како персоналот во домовите за стари лица.

Според резолуцијата донесена од повеќе медиуми, меѓу другото се разговара за следните мерки:

На национално ниво, ќе бидат отворени само продавници за секојдневни потреби, како маркетите.

Се ограничува контактот за невакцинирани лица. Приватните собири на луѓе кои не се вакцинирани или прележале Ковид,  се ограничени во домовите и се дозволува максимум две лица од друго домаќинство. Ова не важи за деца до 14 години и за оние кои биле вакцинирани или кои оздравеле.

Задолжително носење маска во училиштата за сите одделенија.

Ограничување на големи настани: на пример, постои горна граница од 30 проценти од стапката на зафатеност или 10.000 гледачи за фудбалски натпревари.

Баровите и клубовите во местата со голем број на заболени, ќе бидат затворени.

Задолжителна вакцинација за вработените во пензионерски и старечки домови.

За  задолжителна вакцинација се очекува да одлучува Бундестагот.

 

извор:агенции


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1