ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/1/21 2:55 PM

„Имало дојава за бомба, веднаш помислив дека мислат на мене “, на своја сметка се пошегува Биба Додева на концертот посветен на Фреди Меркјури

„Слушнав, имало дојава за бомба, веднаш помислив дека на мене мислат. Кога ќе станеш млада баба, сите за тебе зборуваат дека си бомба“, рече пејачката Биба Додева вчера вечерта на концертот посветен на Фреди Меркјури, кој се одржа во Филхармонија.

Всушност главен на концертот беше младиот пијанист и голем фан на „Квин“, Бобан Мирковски, кој песните на Фреди со нови аранжмани што тој ги направил, ги одсвире со пријателите.

Покрај Биба Додева на сцената се појави Мики Јовановски- Џафер, кој ја отпеа „I Want To Break Free“, неколку песни отпеа Дани Димитровска,  Ирена Димовска од групата „Памперс“, Андријана Јаневска заедно со хорот „Про Арс“, секако Биба Додева во нејзин стил „Wе Will Rock You“, изненади гитаристот Ади Имери, кој ги отпеа „Love Of My Life“и  “Bohemian Rhapsody“..

Врв на концертот беа специјалниот гостин Влатко Стефановски, но и Иван Кукиќ, Јан Стефаноски, Љупчо Соколовски и други.

Она што беше најтажно е што концертот за малку ќе го доживееше второто одложување. Тој беше еднаш одложен поради тридневната жалост, поради автобуската несреќа во Бугарија, во која животот го загубија 45 патници, а вчера за малку по втор пат ќе се случеше истото, но овој пат поради дојава за терористички напад, односно поставена бомба во МНТ.

За среќа дојавата за бомба беше лажна, а концертот се одржа во стилот на големиот пејач – „Шоуто мора да продолжи“…

Концертот беше во организација на  „Баги комуникации“ и претставуваше вистинско освежување во ова тмурно време.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1