ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/1/21 8:25 AM

Зимата се смее – Битолчани се разбудија на -10, скијачите се радуваат на 22 сантиметри снег на Маврово

Денес времето ќе биде сончево со слаб ветер, а максималната температура ќе се движи до 11 степени, информираат од УХМР. А тоа значи дека нема излегување без топла зимска облека, надополнета со задолжителна зимска опрема- капа, шал и ракавици.

Ова најмногу важи за битолчани, бидејќи тие од вчереа живеат зимска идила, која не значи само снег, туку и температури под минус. Според УХМР, најстудено утринава е во Битола, каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата, освен во Дојран каде со измерени еден степен над нулата, важи за најтопол град во државава.

И останатите градови се разбудија под нулата. Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид и Гевгелија -3 и во Претор -2 степена.

Љубителите на зимскиот спорт најмногу се радуваат од вчера, бидејќи снегот ги побеле повисоките места. Најмногу снег има на Маврово – 22 сантиметри, во Крушево 20 сантиметри, на Попова Шапка 17 и во Битола 15 сантиметри.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1