ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 11:26 PM

Половина час пред спиење изеде една намирница и килограмите сами се топат

Постои храна која треба да ја јадете пред спиење доколку се борите со вишокот килограми.

Иако повеќето диети не препорачуваат обилни оброци пред спиење, една неодамнешна студија објавена во „British Nutrition Journal“ го разби тоа мислење. Како што се вели, само 30 грама протеини кои ќе ги изедете половина час пред спиење ги зајакнуваат мускулите, го забрзуваат метаболизмот и го подобруваат општото здравје.

Луѓето обично земаат додатоци за да добијат дополнителен протеин, но нутриционистите велат дека изворот на протеини треба да биде чаша младо сирење.

– Младото сирење содржи високо ниво на протеини и калциум. Ние градиме мускули од протеини и тоа е важно и за професионалните спортисти и за луѓето кои сакаат да изгубат тежина. Калциумот е важен за сите постари од 30 години, бидејќи помага во одржување на коскената маса, вели Ешли Ривер, нутриционист.

Полномасната верзија на сирењето е подобра од безмасната, бидејќи сирењето содржи добри масти. Сето ова заедно придонесува за посилни мускули кои потоа ни овозможуваат да согоруваме повеќе калории секој ден.

„Има и студии според кои белото сирење пред спиење го забрзува метаболизмот следниот ден“, вели Риверова, додавајќи дека само треба да внимавате сирењето да не е многу солено, а доколку избегнувате натриум, ќе ви послужи и густ јогурт.

Извор: Србијаданас.ком

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1