ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 10:29 PM

(ВИДЕО) Фотографите сакале да ја тргнат Антонела од кадарот, Меси се налути и ја повлече

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“, сега има две повеќе од Кристијано Роналдо, но овој пат, се согласува фудбалскиот свет, тоа признание отиде во погрешни раце. Роберт Левандовски е тој што овојпат ја заслужи славата, но Аргентинецот очигледно е погламурозна опција од Полјаците.

Меси пристигна на гала вечерата во Париз со семејството, сопругата Антонела и синовите Тиаго, Матео и Киро. Тие долго време позираа заедно пред објективот на фоторепортерите и токму во тој момент Меси имаше една неочекувана интервенција.

Фоторепортерите во еден момент ја замолија Антонела да се тргне настрана, да не биде во кадарот, бидејќи идејата беше Лионел да се фотографира само со синовите, но фотографијата на Меси во „отсечена“ композиција никогаш не се оствари.

 

Иако Антонела ги слушаше фоторепортерите, Меси, всушност, не го налути многу предлогот, па ја повлече сопругата за рака и ја врати до себе и неговите синови.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1