ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 9:20 PM

Мобилниот телефон на кралицата Елизабета не може да биде хакиран, а само две лица може да и се јават

Мобилниот телефон на кралицата Елизабета Втора (95) е еден од најзаштитените во светот, а наводно е невозможно да се хакира.

Станува збор за „Самсунг“кој е заштитен со MI6, а за полнење на батеријата е задолжен личниот асистент на кралицата.

„Кралицата најмногу го користи за да разговара со нејзината ќерка, принцезата Ана, и менаџерот на коњски трки Џон Ворен“, вели Џонатан Сакердоти, експерт за кралското семејство во подкастот на Кралското семејство во САД.

Кралицата го познава Ворен преку покојниот пријател, Ерл од Карнарвон, чиј зет е Џон.

Иако во последно време не и е добро и лекарите ја советувале да не се напрега, таа сепак ќе биде домаќин на семејството за Божиќ.

– Кралицата рече дека се чувствува многу подобро, и дека со нетрпение чека да ги пречека гостите за Божиќ – открил извор за Дејли Меил, а кралицата празниците ќе ги прослави без принцот Хари (37), Меган (40) и нивните две деца.

Минатата година беше полна со драматични настани за кралското семејство, а ова е прв Божиќ за кралицата без принцот Филип и внукот Хари.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1