ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 8:47 PM

Затворен за сообраќај патниот правец Струга – Ќафасан

Поради ниските температури и појава на голомразица на коловозот, од 19:45 часот се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информираат од АМСМ.

Останува на сила забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка. На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози и со слаби остатоци од кашест снег на коловозот на некои повисоки места. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1