ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 7:06 PM

Лице пријавило на билетарата во МНТ дека ќе има напад – МВР апелира граѓаните да останат смирени

Министерството за внатрешни работи потврди дека станува збор за пријава за напрад и ги моли граѓаните да останат смирени.

-МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, информираат од МВР.

Неофицијално ММС дознава дека станува збор за лице со женски глас, кое наводно информирало дека се подготвува терористички напад, без да каже кога.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1