ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 5:03 PM

Штипската бања „Кежовица“ од утре почнува со работа

Градската бања „Кежовица“ во Штип утре почнува со работа, односно ќе бидат пуштени само општите делови за мажи и жени.

Штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска преку соопштение ги информираше граѓаните. Но, во него потенцираат дека бањата ќе биде отворена согласно здравствените протоколи и со намален капацитет, додека базените во општите делови се во процес на дезинфекција, по што наредните денови ќе бидат наполнети со лековитата вода.

Раководството на „Исар“ посочува дека бањата „Кежовица“ ја затекнале во лоша состојба, а во текот на месецов направиле одредени санации за да биде пуштена во употреба.

Поголема реконструкција на објектот ќе се прави наредната година, а средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Штип за 2022 година.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1