ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 2:02 PM

Автопатот Струма имал маани, но тие не биле причина за автобуската несреќа во која загинаа 45 патници

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова ги објави резултатите од проверката на автопатот Струма на кој се случи трагичниот настан во кој 45 патници загинаа откако автобус на “Беса Транс“ се запалил на враќање од Истанбул.

Комитова образложи дека автопатот Софија – Благоевград имал недостатоци, но дека заштитните огради, ограничувањето на брзините и удолницата не биле причина за несреќата со автобусот од Македонија.

– Заштитната ограда е направена според стандардите кои важеле во 2002 година. Од оваа година има нови норми за поставување заштитна ограда, но тие ќе се однесуваат на оние што ќе градат од 2021 па натаму. Единствена промена на патот се знаците меѓу кои и тпј за брзината која била ограничена на 90 км/ч, а потоа зголемена на 120 км/ ч – рече Комитова и додаде дека патот имал долга историја, но дека ова било необична сообраќајна несреќа:

– Жал ми е, жртвите не можеме да ги вратиме. По автопатиштата сме виделе многу несреќи, но тука имаме пожар кој според мене е главна причина да има толку загинати, а се уште не знаеме како настанал.

Таа заедно со архитектите кои направија увид на патот предложила и поставување на светлечката сигнализација на сите места каде што има одморалишта и нова заштитна ограда по сите стандарди. Овој проект тие најавија дека ќе биде завршен во текот на зимските месеци.

 

Извор: Novini.bg

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1