ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 12:34 PM

Може ли вежбањето да влијае на апетитот?

Дали вежбањето прави да јадеме повеќе или всушност ни го намалува апетитот – ова е прашањето кое се најде во фокусот на новата студија објавена во научното списание Medicine & Science in Sports & Exercise. Истражувањето ги проучувало телесно неактивните мажи и жени, откривајќи дека оние кои вежбале, откако им бил послужен обилен ручек, не се прејадувале, но ниту го прескокнувале десертот ниту земале помали порции.

Во студијата учествувале 24 мажи и жени на возраст од 18 до 55 години, кои имале прекумерна телесна тежина и на почетокот не биле многу активни. Секое утро имале појадок, а потоа оделе со брзо темпо на траки за трчање или кревале тегови по 45 минути.

Потоа им била сервиран ручек на принципот шведска маса, а тие јаделе приближно иста количина на храна во текот на ручекот, како и кога не вежбале.

„Брзото одење или кревањето полесни тегови можеби нема да влијае на прехрамбените навики во споредба со други фактори како што се миристе на лазањи, колачи со путер или пита“, истакнала д-р Тања Халидеј.

Во студијата биле вклучени мал број учесници кои генерално не биле во форма и вежбале умерено, со напомена дека луѓето кои вежбаат редовно би можеле да реагираат поинаку.

-Луѓето не би требало да се плашат дека по вежбањето ќе се прејадат – заклучила докторката.

Претходните истражувачки студии покажуваат дека оние кои почнуваат со вежбање не ја намалуваат тежина толку колку што на тоа впрочем укажуваат согорените калории.

 

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1