ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 10:56 AM

„Побрзај, побрзај“, нова песна на Марија, екс „Фрајле“

Пејачка Марија, поранешна членка на познатите „Фрајле“, ја претстави својата прва песна „Побрзај, побрзај“, која е малку поинаква балада.

Марија е правничка, која, вели дека само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Пишува песни, свири и пее. На прашањето дали би била дур или мол, без размислување одговара дур.

Песната „Пожури, пожури“ е нејзиниот прв сингл.  Некои од најпознатите теми на Фрајле ги потпишува токму Марија или Макица, како што на нарекуваат пријателите. За своите дела добила и бројни награди, ја освојувала фестивалската публика и заземала први места на топ-листите, а албумите на кои е нејзиниот авторски печат се вбројувани меѓу најдобрите во Хрватска и регионот. Марија сега гради соло кариера, а неретко се вљубува во своите песни, па сака да ги чува само за себе. Нејзината нова композиција, за која текстот го потпишува Алка Вуица вредела да се чува. Како што вредело и одењето до Венеција каде е снимен спотот во режија на Сандра Михаљевиќ. Поранешната членка на Фрајле пред осум месеци, а после 12 години поминати во групата, реши да се впушти во соло водите. За новата песна вели:

„Во прашање е балада, но малку поинаква. Многу го сакам медитеранскиот призвук, медитеранскиот поп. Ова е токму она што  го сакав – да биде и метирански и модерно, рече таа и додаде:

„Постојано ја потпевнував, едноставно ми „влезе во уво“ и долго размислував за неа. Алка Вуица ми рече дека е најдобро сама да ја отпеам. Секогаш кога правам песна размислувам за тоа кој најдобро ќе ја изнесе, па така размислувам и кога сум самата во прашање дали ќе застам зад песната“, вели таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1