ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 10:34 AM

Меси горд на рекордната седма „златна топка”

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, рече дека е горд на освојувањето на рекордната седма „Златна топка”, по врачувањето на наградата за најдобар фудбалер во 2021 година на синоќешната церемонија во Париз.

Навистина сум горд што уште еднаш ја освоив „Златната топка” на „Франс фудбал”. Чувството да се освои оваа награда по седми пат е неверојатно. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите и на сите, кои насекаде ме следат и ме поддржуваат, бидејќи без нив ова немаше да го постигнам, изјави Меси.

Не знам уште колку години ми преостануваат да играм фудбал, но се надевам дека ќе бидат уште многу, бидејќи многу се забавувам, додаде 34-годишниот Аргентинец.

фото: Eurosport.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1