ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 8:57 AM

Брена му го растури семејството на Аца Лукас – Прозборе естрадниот менаџер Саша Мирковиќ

Естрадниот менаџер Саша Мирковиќ за телевизија Курир изјави дека Лепа Брена и другите челници на „Гранд продукција“ се виновни за распадот на бракот на Аца Лукас.
Мирковиќ се осврна на книгата на Лукас, во која тој самиот напишал дека Лепа Брена му го растурила семејството.

– Од оваа временска дистанца знаеме што му направија на Лукас. Во книгата изјавил дека му го растуриле семејството. Сите знаеме што му направија сите тие пријатели на мојот штитеник Лукас. Алудирам на распадот на семејството. Самиот Лукас рече дека Брена како и сите од Гранд му го растурија семејството – изјави Мирковиќ.
Аца во својата книга изјавил дека Лепа Брена мисли дека и е лут затоа што ја запознала Соња во нејзината наводна авантура – познат српски кошаркар, но тоа е нешто друго.

– Кога се иселив, Соња ги собра другарките во мојата куќа на Бежанијска коса. Пијат кафе и разговараат. Една од нив ми испрати видео како Брена ја теши Соња.

„Што се нервираш, што ќе ти е тој клошар и наркоман“ – напиша Лукас и додаде:

– Брена се уште мисли дека сум и лут на неа за Мајами. Не. Прво: жена ми не е ретард на која некој треба да мести мажи. Второ, многу поважно: Брена дојде кај мене дома и ја галеше ќерка ми за чиј татко рече дека е клошар и безвреден наркоман – пишува во неговата книга.
Покрај ова, Лукас ја обвини Лепа Брена дека со неговата бивша жена биле кај оџа  да им бае за да му наштетат.

Фото: www.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1