ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/21 7:56 AM

Утрово е воведена забрана за камиони на Стража, Ѓавато и на уште три патни правци

Од 07:15 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека.

Забарана за камиони има и на планинскиот превој Стража, на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на планинскиот превој Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информиаат од АМСМ и ЈП Македонијапат.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2022 година.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1