ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 9:27 PM

Се запали автобус на ЈСП

На булевар „Трета македонска бригада“, кај „Раде Кончар“ пријавено е дека во 18:50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Од страна на УПС од Полициската станица Аеродром, констатирано е дека на местото на настанот автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот.

Територијална противпожарна единица на Град Скопје информира дека нема повредени лица.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1