ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 9:04 PM

Се сврши „кралицата на скандалите“ – Пред обожавателите се пофали со скапиот прстен

Светски познатата актерка Линдзи Лохан (35) била запросена од бизнисменот Бајдер Шамас по две години врска.

Актерката, позната по бројни скандали, изгледа решила да го остави ваквото однесување, а сега на Инстаграм се пофали дека е свршена, но и со скап прстен.

– Љубов моја. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина – напишала Линдзи.

Следеа многубројни честитки, а она што привлече посебно внимание е вереничкиот прстен на Линда. Станува збор за парче накит од светски познатата куќа за накит, за кое медиумите пишуваат дека чини 250.000 долари.

Експертите за дијаманти процениле дека Шамас потрошил најмалку толку, додека експертите за накит додаваат дека прстенот најверојатно бил направен од бело злато или платина. Според нив, дизајнот потсетува на вереничкиот прстен што Линдзи Лохан го доби во 2016 година, кога накратко се вери со познатиот руски наследник Егор Тарабасов, објави „The Sun“.

Актерката уште како мала стана планетарно популарна, а во изминатите години неколку пати беше апсена, двапати причината беше возење во пијана состојба. Низата постапки со законот и борбата со зависноста и ја прекинаа филмската кариера, а ја запреа и во областа на музиката.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1