ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 9:00 PM

(Видео) „Децата ќе се удавеа, избегавме голи и боси, никој не помогна“ – Зајаска река се излеа и на улица остави 100 семејства во Кичево

Зајаска река се излеа и на улица остави 100 семејства во Кичево. Се работи за Прилепско мало каде реката поминува покрај куќите. Поројните дождови деновиве го зголемија нивото на реката , а водата заврши во населбата и домовите на жителите.

-Нема соба која не е поплавена се жалат. Но фала му на бога едвај спасивме жива глава и ги извлековме децата да не ни се удават додека спијат, ни рекоа жителите уплашено.

-Тука имаше деца, што ќе се удавеа, ги спасуваме внатре во собите. Никој не ни помагаше се сами. Некој тука трпи за јадење.  Каде ќе јадеме сега, се е водено. Каде ќе легнеме. Немаме каде, сега на улица сме. Се е уништено, кревети, фрижидери се е уништено и поплавено, раскажува еден жител.

Драмата започнала синоќа околу 23.30 минути. Ноќта ја преспале во спортска сала во Кичево, но оваа велат ќе биде тешка, оти се уште врне. Некои ќе спијат по роднини и пријатели, некои во своите автомобили. Засега, велат, помош од надлежните или некое ветување не добиле, затоа и мора да се снаоѓаат сами. Секоја хуманост во овие тешки денови е добродојдена, ќебиња и топла облека, оти реката се им однела се.

-Избегавме голи и боси кога ни влезе водата, сите соби ни се поплавени, немаме никаква заштита. Нема ни багери, барем некој насип да се направи да не заштити привремено. Ниту јоргани, ниту ќебиња. Се плашиме вечерва да не фати пак поплавата. Еве уште врне. Вечерва ќе морам со децата и со жената во југото да спијам, нема каде да одам. Од едно питање сме собрале пари за некој теписон и јорган и тоа отиде во вода, за нас никој не се интересира, додава друг жител на малото.

 

Ова не  е прва поплава во ова мало. После секои поројни дождови прилепско мало во Кичево се поплавува поради излевање на Зајаска река. Потребна е регулација на коритото на реката и проблемот ќе се реши , но реката како што кажуваат жителите, се регулира само во предизборниот период, во ветувањата и програмите на политичарите, а по завршувањето на изборите нив никаде ги нема.

-Оваа година не е прв пат, секоја година го трпиме ова. Поплава и вода, немаме заштита. За избори сите одат тука и ни велат брат, брат, а после избори никој не не познава. Барем памперси за децата да ни дадоа, некое млеко, како во Африка да сме, додава друг жител

„И тоа што малку го заработивме реката ни го однесе, а нашите домови ги наполни се кал и валкана вода“, дополнија поплавените граѓани.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1