ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 4:37 PM

Жител на Матејче со ловечка пушка го повредил пријателот

Вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, општина Липково, додека биле на лов, А.В.(37) од с.Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С.(45) од Липково, информираат од МВР.

Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1