ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 3:17 PM

„Да ја чувате баба ви, кога мене веќе ќе ме нема“ – Мрка немал свои деца, па внуците на Ана ги сакал како свои

Милутин Мркоwиќ Мрка, кој почина по тешко боледување, а кој беше во врска со Ана Бекута, немал свои деца од бракот со Драгана, а немаа ниту со пејачката. Бидејќи немал свои деца, синот на Ана, Игор, го гледал како свој син, а внуците на пејачката ги гледал како свои. Внуци на Ана, Соња и Бранко. биле и негови внуци, а во Бранко го видел својот наследник. На предлог на Мрка, Бранко се запишал на Факултетот за информатички технологии бидејќи дедо му, како што го викале внуците на Ана, му објаснил дека има иднина во ИТ секторот.

– Мене некој мора да ме наследи, а тоа ќе бидеш ти – често велеше на Бранко, а тој одговараше дека ќе биде тешко бидејќи него никој никогаш нема да може да го наследи. Мрка неодамна им купил автомобили на внуците за да можат да ја возат баба им Ана на настапи и да се грижат за неа кога него веќе го нема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Урош Шуваковиќ, пак, политичар, експерт за безбедност и редовен професор на Факултетот за образование на наставници на Универзитетот во Белград, раскажал колку била голема нивната љубов.

-Тоа беше голема љубов,  што се однесува до Мрка таа се случи како експлозија. Го видов неколку дена откако се запознаа  со Ана и тој само ми рече „Урош, јас се заљубив“. Тоа го кажа тоа од срце, онака добродушно. Таа љубов постојано ја покажуваше и беше многу внимателен. Тој ја намали својата политичка активност за да поминува повеќе време со Ана Бекута. Претпоставувам дека тоа го опушташе. Цел живот работеше, создаваше, градеше. Деноноќно беше посветен на работата, рекол Шуваковиќ.

Извор: www.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1