ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 2:49 PM

Златен и сребрен медал за македонски ученици на Балканската олимпијада по информатика

Еден златен и еден сребрен медал, како и олимписка пофалба, освои тимот македонски средношколци кои учествуваа на 28. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2021), која од 24 до 29 ноември се одржа во Шумен, Бугарија. Тоа е највисок резултат на нашите ученици досега на овој престижен натпревар во програмирање, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).
Тимот го сочинуваа учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Андреј Шекеров и Тео Китановски, предводени од лидерите д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
БОИ 2021 се одржува онлајн поради ковид-пандемијата, а на настанот учествуваат 37 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање во десет земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.
„Во ваква силна конкуренција, историскиот златен медал за Македонија го освои Благојче Павлески од Прилеп, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Ученикот Марко Танески, исто така од Прилеп, освои сребрен медал што го става во неколкутемина на комплетната листа на освојувачи на сребрени медали за нашата земја. Овој огромен успех беше дополнет и со резултатот на Андреј Шекеров од Скопје, кој освои олимписка пофалба. Дополнително, на Шуменскиот турнир, интернационален натпревар кој се одржува онлајн паралелно со Балканската олимпијада, Сара Стефановска од македонскиот јуниорски тим освои бронзен медал. Сара е ученичка од Крива Паланка запишана во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Таа за ова одличје се избори во конкуренција на 168 натпреварувачи од петнаесетина земји“, информира ЗИМ.

Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е одржуван волонтерски од ЗИМ и е достапен во текот на целта година за сите заинтересирани натпреварувачи.
Следната, 29-та Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2022), треба се одржи идната година во Љубљана.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1