ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 2:02 PM

Санација на оштетена урбана и сообраќајна опрема на градските улици и булевари

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје деновиве ја санираат оштетената урбана опрема која е поставена на градските улици и пешачки патеки.

„Досега интервенирано е најмногу во Централно градско подрачје, на бул.Партизански Одреди, бул.Кочо Рацин, бул.Кирил и Методиј, бул.8ми Септември,ул.Васил Ѓоргов, ул.Беласица, ул.Загребска, ул.Македонсија и булевар Илинден. Покрај санацијата на урбаната опрема други екипи работат и на санација на сообраќајната опрема во градот, а ги исправуваат и искривените сообраќајни знаци, односно ги заменуваат со нови сите знаци што се оштетени на градските улици и булевари“, информриаат од ЈП Улици и патишта – Скопје.


Одржувањето на урбаната опрема и сообраќајната вертикална сигнализација продолжува и во наредните денови на сите улици каде што има потреба од интервенција, додаваат од претпријатието.


Фотографии: Фејсбук ЈП „Улици и патишта“ – Скопје


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1