ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 2:05 PM

Треска се излеа, поплавени над 150 хектари ниви и ливади во кичевско-бродскиот регион

Интензивните врнежи од дожд изминатите денови го подигна нивото на реката Треска од нулта кота на кота од 130 сантиметри, поради што се поплавија многу ниви и ливади во близина на речното корито. „Интензивните врнежи од дожд присутни во регионот, до врв го наполнија коритото на река Треска која на неколку места се излеа од своето корито и поплави голем број земјоделски површини, ниви и ливади. Најголемиот дел поплавени површини се меѓу селата Вранештица и Лисичани. Во овој дел од полето поплавени се над 150 хектари“, вели Кемаил Сами од Месната заедница на Лисичани.

Тој посочи дека водостојот на Треска од утринава е во благо опаѓање и ако нема нови поинтензивни врнежи од дожд, се очекува до крајот на денот да се повлече во своето корито. Се очекува и од поплавените површини водата да почне да се повлекува.

Жителите на Лисичани се задоволни што овој пат не е поплавено селското училиште, кое во претходните наврати беше опколено со вода и беше отежнато одвивањето на наставата.

Од РЦУК Македонски Брод потврдија дека нивото на Треска за само 24 часа се подигнало дури 130 сантиметри. „Врнежите од дожд кои од петокот до ноќеска беа присутни во регионот, придонесоа нивото на реката Треска експресно да порасне и од нулта кота колку што беа измерени пред една недела, да се искачи на кота од 130 сантиметри, што е во рамките на граничната вредност за излевање. ПОради тоа има поплави на повеќе ниви и ливади во регионот на општина Пласница. Ако прогнозите се остварат, тогаш може да очекуваме состојбата да се стабилизира и да нема нови закани од излевање на Треска“, рече Миле Стојкоски, РЦУК Македонски Брод.

(МИА)

фото: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7