ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 1:29 PM

Состојбата со ковид е стабилна, училиштата остануваат отворени

Ситуацијата во училиштата е стабилна, а скринингот на учениците покажа дека немаме голем број на позитивни случаи. Процентот на нови позитивни случаи како што информираше денеска министерката Царовска се движи од 0,01 до 0,03 отсто.

Од 255 илјади ученици кои следат настава со физичко присуство, досега процентот на позитивни случаи не надминал повеќе од 0,3 отсто.

– Доколку имаме одредена алармантна ситуација и има потреба од носење на рестриктивни мерки и во другите сектори, секако ние ќе ги разгледаме можностите за другите сценарија. Моментално ситуацијата е стабилна и во највисок интерес на ученикот е биде во училиште. Овде не само што се стекнуваат со знаење, туку имаме и социјализација и грижа за менталното здравје на учениците, рече Царовска по доделување на наградите од Конкурсот за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1