ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 1:17 PM

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто, во однос на Одлуката од 22 ноември.

Според новата Одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) не се менува. Цената во малопродажба на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,298 денари за килограм.

Така, од ноќеска на полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 66,50 денари за литар, Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 денари за литар и Мазут М-1 НС – 41,543 денари за килограм.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1