ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 1:06 PM

Царовска не одговори дали ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешното доделување на наградите од Конкурсот за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески, не сакаше да ги коментира внатрепартиските избори за претседател.

Запрашана дали ќе се кандидира за претседател на СДСМ, таа се заблагодари за прашањето, но рече оти денеска е дојдена во својство на министерка.

– Отворена е постапката и транспарентна, па сметам дека сите членови може да се пријават. Мислам дека целиот процес на демократски начин ќе се одвива во партијата, рече Царовска.

Владеачката партија инаку на 12 декември ќе бира нов претседател откако пред три дена Централниот одбор ја прифати оставката на Заев од лидерската функција.

Моментално трае рокот  од седум дена за пријавување кандидати.

Кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1