ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 10:33 AM

Чувал марихуана во буре во дворот на баба му – Уапсен велешанец кој го повторил кривичното дело

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден велешанец за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и побара велешкиот суд да му определи мерка притвор поради основано сомневање за можност за повторување на делото и влијание врз сведоците.

-Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата, спакувана во едно најлонско кесе, ја чувал во метално буре во дворот, а полициски службеници од СВР Велес ја пронашле при претрес, се вели во денешното соопштение од ЈО.

Оттаму додаваат дека со оглед на тоа што осомничениот веќе е осудуван за исто кривично дело и дека во текот на истражната постапка треба да се сослушаат сведоци кои се во роднинска врска со него, Основното јавно обвинителство Велес оценило дека е оправдан стравот осомничениот да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор против осомничениот.​​

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1