ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/21 9:24 AM

И покажал среден прст, а таа го прегазила и го оставила да умре -Жена зад решетки 10 години, усмртила велосипедист

Жена која намерно прегазила велосипедист и го оставила да умре на рурален пат во Австралија во 2012 година е осудена на 10 години зад решетки. Џоан Мари Меколи се налутила кога велосипедистот Шуи Ки Чан и покажал среден прст. Таа го бркала на патот, а подоцна тврдела дека само сакала да го исплаши и дека го удрила бидејќи не можела да го контролира возилото, пишува The Guardian.

Велосипедистот, 25-годишен, се враќал дома од смена во блискиот ресторан. Неговото тело било пронајдено утрото по инцидентот, а обдукцијата утврдила загуба на крв и хипотермија како фактори за смртта.

Обвинителот Клејтон Волис тврдеше дека полициската истрага е несоодветна и дека било потребно толку долго за да се донесе пресуда.
Мекаули, наводно, се фалела пред пријателите и семејството во последните 10 години дека убила велосипедист, а денес пред Врховниот суд во Бризбејн се изјаснила за виновна за мало обвинение за убиство од небрежност. Откако била осудена на 10 години затвор, почнала да плаче во судницата и не сакала да си оди, па полицајците ја извадиле.

Извор: vecernji.hr

Фото: Архива


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1