Поднесени кривични против шест лица кои приложиле лажен ПЦР тест на Табановце
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/21 9:10 PM

Поднесени кривични против шест лица кои приложиле лажен ПЦР тест на Табановце

Поднесени се кривични пријави против шест лица од Русија, Скопје, Куманово и Струмица за приложување лажен ПЦР тест на Граничниот премин „Табановце”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север поднесоа кривични пријави против А.К.(25) и А.К.(31), двајцата од Куманово, Е.М.(32), А.О.(20), М.А.(36), тројцата од Струмица и С.Р.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „непостапување според здраствените прописи за време на епидемијата”, велат од МВР.

Пријавените, кои имале решенија за домашна изолација, при контрола од полициски службеници, на излез од државата на Граничен премин Табановце покажале фалсификувани негативни ПЦР тестови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7