ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/21 8:13 PM

Новозеландска пратеничка со велосипед отишла на породување

Новозеландска политичарка со велосипед отишла во болница и само еден час потоа се породила.

– Искрено не планирав со велосипед да одам на породување, но ете така се случи, напиша 41-годишната Џули Ен Гентер на фејсбук.

Политичарката родена во САД истакала дека контракциите не биле толку силни кога таа и нејзиниот сопруг одлучиле да возат велосипеди.

На фејсбук таа објави и слика со сопругот на паркинг на болницата.

Во јуни 2018 премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн стана втората светска лидерка која се породи за време на извршување на функција.

Од тогаш имаше и неколку случаи на политичарки кои ги носеа своите бебиња на работа, а некои ги доеја.

 

извор: данас.рс
фото: фб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1