ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/21 6:17 PM

Швајцарците на референдум ги поддржаа ковид пропусниците

Швајцарците денеска дадоа јасна поддршка за законот со кој само оние кои поседуваат посебни ковид пропусници, кои ги добиваат оние кои се вакцинирани, прележале ковид или имаат негативен тест, можат да поседуваат ресторани и барови и да присуствуваат на јавни настани.

Според конечните резултати, 62 отсто од гласачите го поддржале законот.

Со гласањето „за“ за овој закон, Швајцарците поддржаа и пружање финансиска помош на работниците и компаниите погодени од пандемијата, во моменти кога Швајцарија се соочува со пораст на новозаразени. Швајцарската федерална влада, за разлика од другите држави, не одговори со воведување нови рестриктивни мерки.

Од 26 кантони само два гласале против законот, а се работи за конзервативни, рурални кантони на истокот на земјата.

Излезноста била 65,7 отсто, што е невообичаено висока бројка во земјата која одржува референдуми неколку пати годишно.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1