ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/21 5:38 PM

„Би сакала да се сретневме порано“: Ана Бекута и Милутин доживеале љубов како од бајките, но една желба им останала неостварена

Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник, Милутин Мрковиќ (79) почина во Белград на институтот за кардиоварскуларни болести „Дедиње“, а неговата избраничка Ана Бекута и почитувачите на неговото дело се простуваат од него на социјалните мрежи.

Иако нивната љубов беше како од бајките, само една желба им останала неостварена, вели Бекута.

– Жал ми е што немам дете со Милутин. Би сакала да се сретневме порано и да имавме потомство. Тој би бил прекрасен татко, сигурна сум во тоа. Животот не спои малку прекасно за тие работи, но тука се моите внуци кои ќе ни надоместат. Често зборуваме за тоа како би ни се викало детето, што би сакале да биде. Сакаме да фантазираме бидејќи нашата љубов е навистина силна, истакна Бекута пред неколку години.

Легендарната пејачка до последниот ден беше до својот партнер, а нејзиниот син од првиот брак, многу го ценел и почитувал Милутин.

Мојот син не сака да се експонира и едвај некогаш може да го натераме да дојде со нас на некое случување. Едноставно не ги сака медиумите. Милутин и Игор многу добро се согласуваат. Игор го почитува Милутин и повеќе од неговиот татко, призна тогаш Ана.

 

извор: еспресо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1