ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/21 4:35 PM

Денеска 333 новозаразени, 19 лица починаа – најмладиот на 32 години

Регистрирани се нови 333 случаи на Ковид-19 од направени 2.547 тестирања, 19 починати, како и 309 оздравени пациенти, информира попладнево Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа.

Најголемиот број од позитивните случаи се регистрирани во Скопје – 152, по што следат Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16…

Од починатите, шест лица се од Скопје (52г, 66г, 78г, 79г, 88г, и 91г), пет од Битола (59г, 69г, 79г, 80г и 86),  две од Велес (38г и 72г), а по еден починат има од Штип (71г), Пробиштип (89г), Кавадарци (32г), Кочани (66г), Гевгелија (58г)  и Македонска Каменица (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.

Според епидемиолошки анализи во моментов, по градови активни заболени пациенти со Ковид-19 има најмногу во Скопје-3941, потоа следи Битола – 668, Прилеп – 425, Велес – 340 и Кавадарци – 306.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1