ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/21 9:12 PM

Нови мерки во Британија, регистрирани се два случаи на омикрон

Британскиот премиер, Борис Џонсон најави низа нови мерки кои ќе бидат воведени бидејќи во земјата се забележани случаи на зараза со новата, загрижувачка варијанта на коронавирусот, позната како омикрон. Сите патници кои ќе пристигнат во Велика Британија ќе мора да направат ПЦР тест до крајот на вториот ден по пристигнувањето и да бидат во самоизолација додека не го добијат резултатот од тестирањето.

Сите лица кои биле во контакт со оние за кои постои сомнеж дека се заразени со новиот сој на вирусот, ќе мора да бидат во самоизолација вкупно десет дена, независно од тоа дали се вакцинирани или не. Носењето маски повторно ќе биде задолжително во прдавниците и во јавниот превоз.

Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација ќе го разгледува предлогот за давање бустер доза на поширока старосна група, а ќе се разгледува и намалувањето на временската рамка меѓу втората и третата доза.

Како што пренесе Би-Би-Си, Џонсон овие нови мерки ги соопшти на прес конференција заедно со главниот научен советник во владата, Патрик Валанс и со шефот на британската медицинска служба Крис Вити.

И покрај тоа, премиерот го задржа својот оптимистички став истакнувајќи дека Божиќ ќе биде значително подобар од ланската година и дека во прашање се „привремени мерки на претпазливост“.

 

Извор: danas.rs

Фото:  Илустрација / Designed by Freepik


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1