ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/21 5:51 PM

(Видео) Осум милиони луѓе посведочија на плачењето на млада тиктокерка: Момчето ја вратило дома поради бесмислена причина

Корисничката на социјалната мрежа ТикТок, Ники Џебс јавно се расплака откако нејзиното момче со такси ја пратило дома, бидејќи не му се допаѓало како таа се дотерала за нивното вечерно излегување. Приказната за ова девојката ја сподели на споменатата социјална мрежа, а нејзиното лошо искуство има околу осум милиони прегледи.

„Се чувствувам толку тажно во овој момент бидејќи потрошив многу време за да изгледам убаво, а тој со такси ме прати дома. Па кој го прави тоа? Ме прати дома покрај странец во петок навечер“, раскажа таа низ солзи објаснувајќи дека нејзиниот „сакан“ и’ наметнува строги правила.

„Се’ почна изминатите неколку недели. Знаеше да ме праша зошто носам високи потпетици, кога на него повеќе му се допаѓа да носам патики. Исто така, ми нагласуваше дека повеќе сака да ме  гледа природна и негодуваше кога ќе се нашминкав“, истакна Џебс додавајќи дека по таа вечер требало како пар да се појават кај неговите колеги.

@nikki.jabs

Reply to @spinnyg I’ll be laughing soon I hope 💀

♬ All Too Well (10 Minute Version) (Taylor’s Version) (From The Vault) – Taylor Swift

„Ми рече дека мојата комбинација премногу открива, а кога му кажав дека немам намера да одам дома за да се пресоблечам, ме праша дали може да ми викне такси. Отидов во неговиот стан во кој се вселив три недели претходно и си ги собрав сите работи. Потоа кога се обиде да ме прегрне, едноставно заминав“, раскажа девојката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1