ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/21 1:47 PM

Сопственикот на „Беса транс“ не може да биде обвинет за несреќата, тој не го возел автобусот – вели Бисер Јорданов Михајлов, бугарскиот обвинител кој дојде во Скопје

Сослушани се осум сведоци во врска со несреќата во Бугарија, при која се запали автобус на „Беса Транс“. Меѓу нив е и сопственикот на агенцијата и тој е достапен на надлежните институции. Ова денеска го соопшти републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески  кој рече дека за агенцијата е отворен предмет и во Основното јавно обвинителство – Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање дали за него ќе биде изречена мерка притвор,тој рече дека проценката за тоа дали ќе има потреба од мерки ќе биде на обвинителот кој го води предметот.

„Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата е одземена. Ние прибираме податоци за одговорност и за сообраќајната несреќа и во делот на прекршување на заканите, ако се утврди дека има такви повреди. Ние утврдуваме дека можеби има и фалсификување на одредени документи, сите тие прашања Обвинителството ги испитува. За кое било лице да се рбаоти, ако во неговото дејствие има елементи на кривично дело, Обвинителството ќе покрене соодветна постапка“, изјави републичкиот обвинител на денешната прес конференција.

Прашан дали има соменвање за корупција, тој одговори дека сите околности се испитуваат.

„Тие околности се испитуваат, надлежните органи соопштија дека автбусот повеќе од 100 пати ја напуштил границата, но со истата документација влегувал и во границите на други земји. Сето тоа е предмет на интерес на Јавното обвинителство. Ние се сомневаме дека има такви елементи и затоа отворивме предмет во Основното јавно обвинителство во Скопје“, истакна Јовески.

Дека истрагата продолжува, а кога ќе заврши зависи од резултатите на експертите, истакна и заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов.

„Кога ќе ги имаме сите заклучоци од сите проучувања ќе имаме некој заклучок или за лошото одбележување и сигнализација како што кажувате, дали е причина за настапување на сообраќајната несреќа“, посочи тој одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има одговорност за бугарските институции по укажувањата на тамошните експерти за несоодветната сигнализација на патот.

Во врска со можните причини за несреќата, на денешната прес конференција не беа изнесени детали, бидејќи како што рекоа надлежните, експертите се уште истражуваат и тие допрва треба да се произнесат.

„Претпоставките дека се пренесувал бензин или имало експлозиви со сигурност не може дасе потврдат, но извршени се проверки и не се откриени остатоци од такво нешто. Работата на експертите продолжува интензивно и сигурно ќе имме јасни гледишта за овие прашања. Голем дел од активностите на експертите продолжуваат и сега. За да се исклучи тероризам или злонамерни дејствија се направени активности кои даваат можност да ги откриеме претпоставките на ова поле. Работата продолжува во многу насоки и врз основа на собраните материали продолжува истрагата. Луѓето што јас ги сослушав и моите колеги се преживеаните патници. Овие денови се работи и од двете страни на границата“, изјави истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров.

Јовески пак нагласи дека за не се наруши истрагата во овој момент не може да изнесуваат податоци за тоа кои лица во кое својство се сослушани или кои лица е планирано за бидат сослушани.

Според него и колегите, беспредмето е во овие први денови од несреќата да се кажуваат досегашните одговори од она што го покажале хемиските анализи.

„Од старт е кажано дека постојат канистри со нафта кои се празни и не се зафатени со пожарот. Канистрите пластични беа сместени во задниот дел каде што се наоѓа просторот за моторот, а таму е најмалку зафатен од пожарот автобусот. Ако на местото на пожарот имаме најдено празни туби во кои претходно се користела нафта и бугарските експерти соопштија дека има остатоци од нафта, а тубите не се изгорени, како мже да зборуваме дека со нив е вршен шверц на нафта? Колегите кажаа ако имало полни туби тоа ќе остави трага“, истакна Јовески.

Бугарскиот претставник пак, Бисер Јорданов Михајлов кажа дека сопственикот на агенцијата Беса транс не може да биде обвинет бидејќи тој не бил возач на автобусот.

-Тој за конкретната патна незгода не може да биде обвинет – Јорданов Михајлов.

Прашан, како може да биде изземен од одговорност доколку се знае дека тој го праќа автобусот на пат, заменикот јавен обвинител одговори:

„Сите тие работи се предмет на проверка од истражните органи. Кога настанува сообраќајната несреќа со загинати како што се случи, се бара причинско последична врска која ќе ги покаже причините за настанување на несреќата и да се утврди кое е виновното лице“.

 

(В.Ми)

Фото: Вангел Тануровски

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1