ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/21 10:31 AM

Железничкиот сообраќај и понатаму во прекин, машинскиот персонал преку бојкот си ја бара платата

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври.

Претседателот на синдикатот на машинскиот персонал,  Душко Чакаровски изјави за МИА дека бојкотот ќе трае се’ до исполнување на поставеното барање. Досега, како што вели, не ги контактирал никој и немаат најава кога би се реализирала исплатата.

Ова е втор прекин на работата во Железницата месецов. На 1-ви ноември имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1