ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/21 9:47 AM

„Пред автобусот излезе маскирано лице и почна да пука“ – Детали за злосторството во Косово

Сведок на злосторството што синоќа се случи во Косово, кој бил во автобусот во моментот на нападот во кој загинаа три лица, изјавил дека се се случило за неколку моменти и дека глетката била ужасна, пренесува Газета експрес.
„Пред автобусот излезе маскирано лице и почна да пука во нас. Сè се случи многу брзо“, рекол човекот кој седел на првото седиште во автобусот.

Во нападот на автобусот кај Дечани маскиран напаѓач го уби возачот на автобусот како и двајца ученици (18), а повредени се уште неколку патници.
Официјалната веб-страница на Средното економско училиште „Кадри Кусари“ во Ѓаковица објави дека Љ.Х, ученик од ова училиште, е еден од убиените при нападот на автобусот во Глоѓан, јавува Кљан Косова.

-Искрено сочувство до семејството на Ледион од вработените во училиштето, учениците и особено од соучениците“, се наведува меѓу другото на официјалната веб-страница на ова училиште, пренесува Кљан Косова.
Медиумите од Косово јавуваат дека втората жртва на нападот Г.М. е средношколка по медицина. Роднина на убиената тинејџерка изјавил дека Г.М. сонот беше еден ден да стане доктор.

Извор: blic.rs

Фото: Видео принтскрин


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1