ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/21 1:20 AM

Заев ќе биде ветер во грб на партијата по 12 декември – СДСМ ја прифати оставката на претседателот

СДСМ на 12 декември ќе го избира наследникот на Заев, кој вечерва си поднесе оставка. Богданка Кузевска, порпаролката на СДСМ веднаш по заседанието на ЦО на СДСМ, рече дека донесена е одлука за распишување на внатрепартиски избори, која започнува од утре и ќе трае седум дена.

-Право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата, а можност за гласање ќе имаат сите членови на партијата кои, активно ќе се регистрираат на онлајн алатката, рече Кузеска, која на новинарско прашање што ќе биде улогата на Заев по 12 декември рече:.

-Тој ќе биде активен член кој секогаш ќе работи во интерес на партијата и секако ветер во грб на партијата и член кој ќе работи на единството на партијата што се покажа вечерва дека го има , додаде таа.

Новинарите ја прашаа и дали Заев го промовирал Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ, на што таа одговори дека станувало збор за коментар за квалитети на еден човек, кој ги исполнува сите критериуми од статутот на партијата, кој е подготвен да носи државнички одлуки, но дека претседател на партијата ќе се бира на внатрепартиски и непосредни избори, и дека воопшто не се дискутирало дали новиот претседател ќе биде и нов мандатар.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7