ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/27/21 12:08 AM

Заев не се откажува од оставката, дирекно го предложил Димитар Ковачевки за наследник – Веќе три часа заседава ЦО на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ веќе три часа заседава во седиштето на партијата, а членовите на највисокиот партиски орган, како што потврдуваат оттаму дискутираат за оставката на лидерот Зоран Заев и за евентуалниот негов наследник.

Од СДСМ за МИА потврдуваат дека Заев не се откажува од најавената оставка и оти на седницата зборувал за квалитетите на неговиот наследник.

Дел од медиумите вечерва објавија дека премиерот и лидер на СДСМ вечерва на седницата за свој наследник директно го предложил заменик министерот за економија Димитар Ковачевски.

Претходно СДСМ одржа и седница на Извршниот одбор од која, според информациите, произлегол предлогот внатрепартиските избори да се одржат на 12 декември.

Дискусијата на ЦО, велат за МИА извори од владејачката партија, е во тек. По седницата се очекува изјава или прес-конференција на која би се соопштиле детали од неа или евентуалните следни чекори.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран заев најави оставка на двете функции на 31 октомври по поразот на партијата на локалните избори.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1