ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/26/21 11:11 PM

Пукање врз автобус со ученици во Косово, загинал возачот и двајца ученици

Три лица настрадаа, а едно лице е повредено во пукање во автобус со ученици вечерва околу 19 часот во Косово, потврдија од Брзата помош и Основното обвинителство во Пеќ, потврдија од косовската полиција за Радио Гораждевац.

Во автобусот кој се движел од Ѓаковица кон Глоѓан во општина Дечани и кој превезувал ученици, пукале од калашникови и во таа прилика загинале возачот на автобусот и двајца ученици.

„Според тврдењето на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Фадил Гаши, нешто по 19 часот во Глоѓане меѓу Глоѓане и Дечани, едно лице загинало на местото на настанот, додека две лица им подлегнале на повредите во болница. Повредено е и едно лице, потврди портпаролот на полицијата Фадиљ Гаши“, изјави за Н1 Милиќ Петровиќ, новинар на Радио Гораждевац.

Потврдено е и дека еден ученик е повреден.

Според последните информации неговата состојба е стабилна и надвор од животна опасност.

На лице место се полициски службеници и дежурен обвинител кои ја водат истрагата.

Извор: Ба.н1инфо.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1